Арсовски: Функционирањето на Собранието е доведено во прашање заради нефункционалноста на коалицијата на СДСМ и ДУИ која што функционира на принцип на бизнис, пари ,тендери, корупција и криминал

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на функционирањето на Собранието и честото немање кворум истакна дека  единствен кој што во моментов ги кочи сите работи во Собранието е власта, СДСМ и ДУИ  и тоа од единствена причина затоа што не можат да се договорат за нивните меѓусебни коалициски пазари.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, практично опозиционерските пратеници во Собранието секојдневно се на своите работни места и си ја вршат дословно како што треба нивната работа. Но, она што важно и што се обидуваат да го наметнат од страна на власта, нормално заради нивната неспособност, заради нивните коалициски препукувања, заради меѓу коалициски пазари кои што не можат да ги доведат во ред, а буквално секогаш се за некои бизниси и тендери, тие се обидуваат да наметнат дека опозицијата кочи нешто во Собранието. Не, да се разбереме и уште еднаш јавно да напоменам, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата не кочат буквално ништо во Собранието. Тие секојдневно се на своите работни места и секојдневно го работат она за што се платени, односно за што се избрани. А, се избрани таму од граѓаните за да ги штитат интересите на граѓаните а такви верувајте дека се многу, бидејќи опозицијата има сериозна бројка на пратеници и со тоа има сериозна одговорност кон граѓаните кои што ги изгласале“, нагласи Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски додаде и дека функционирањето на Собранието е доведено во прашање единствено заради неможноста и нефункционалноста на коалицијата на СДСМ и ДУИ која што функционира на принцип на бизнис, пари, тендери, корупција и криминал.

„Оттука сакам да потенцирам, единствен кој што во моментов ги кочи сите работи во Собранието тоа е власат СДСМ и ДУИ од единствена причина затоа што не може да се договор за нивните меѓусебни коалициски пазари. Така да ВМРО-ДПМНЕ ништо не кочи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да дискутира на секоја тема, но ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент нема да си дозволи да дискутира за закони како на пример што е фамозниот закон за опојни дроги и марихуана, каде што треба на некој таму од фамилијата на власт да им се овозможи милионски профит. Не тоа е против интересите на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ тоа нема никогаш да го дозволи. Впрочем затоа и е таму, а доколку е онаква каква што вели со цврсто стабилно мнозинство може секојдневно да функционира непречено Собранието тука се нашите пратеници да дискутираат, да поднесуваат амандмани да функционира Собранието. Но за жал функционирањето на Собранието е доведено во прашање единствено заради неможноста нефункционалноста на коалицијата на СДСМ и ДУИ која што функционира на принцип на бизнис, пари ,тендери, корупција и криминал“, заклучи Арсовски.

Постави одговор

Your email address will not be published.