Најголемата сончева ерупција снимена досега (видео )

Вселенското летало „Солар Орбитер“, Европската вселенска агенција (ЕВА) и НАСА, ја забележаа најголемата соларна ерупција досега.
Сончевите проминенции се големи структури на сложени линии на магнетно поле кои држат густи концентрации на соларна плазма суспендирани над површината на Сонцето, понекогаш во форма на лачни јамки. Тие често се поврзуваат со исфрлање на коронална маса, која, доколку е насочена кон Земјата, може да предизвика штета на нашата технологија и секојдневниот живот.

Споменатата сончева ерупција се случи на 15 февруари и се прошири на милиони километри во вселената. Добрата вест е што исфрлањето на короналната маса не било насочено кон Земјата, а всушност таа патува далеку од нас, пренесува порталот „Зимо“.

Настанот беше проследен со други вселенски мисии, вклучувајќи ја соларната сонда Паркер на НАСА. Следната недела „Солар Орбитер“ и „Паркер Солар Проуб“ ќе спроведат заеднички набљудувања за време на „Паркеровиот премин“ до најблиската точка од неговата орбита околу Сонцето.

Дури и вселенското летало „Бепи Коломбо“, Европската вселенска агенција и Јапонската вселенска агенција, која не е посветена на сончевата наука, ја почувствуваа ерупцијата. Леталото моментално се наоѓа во близина на орбитата на Меркур и откри огромно зголемување на присуството на електрони, протони и тешки јони со своите инструменти за следење на радијацијата.
Иако овој настан не ги насочи смртоносните честички кон Земјата, тој е важен потсетник за непредвидливата природа на Сонцето и важноста од разбирање и следење на неговото однесување.

Видео: