ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН: ЗОШТО ЕУ ГО ТОЛЕРИРА И ПОДДРЖУВА БУГАРСКИОТ И ГРЧКИОТ ФАШИЗАМ КОН МАКЕДОНЦИТЕ???

Каква е таа ЕУ која ја уценува Македонија да запише Бугари во македонскиот устав, а цело време молчи за бугарскиот терор врз Македонците во Бугарија?

Каква е таа демократска ЕУ која 40 години го толерира грчкиот фашизам и 15 години бугарскиот фашизам врз Македонците?

Дали ЕУ воопшто може да се нарече демократска творба или тоа е една унија која потсетува на времињата од Втората светска војна кога некои народи беа систематски уништувани?

Дали демократија се нарекува кога две земји членки на ЕУ со децении вршат постојана асимилација на македонското малцинство, проследени со закани, прогон и терор за оние кои пружаат отпор на таа асимилација?

И на крај, зошто им е на Македонците ЕУ, која одобрува и поддржува фашизоидни и геноцидни договори донесени на незаконски начин и со присила, а со кои се уништува македонштината во корен!

Линк:

https://www.facebook.com/omoilindenpirin

Постави одговор

Your email address will not be published.