„Македонска глаголица. Македонска кирилица“ – изложба на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски во МКЦ

„Македонска глаголица. Македонска кирилица“ е изложба на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски, која се осврнува кон најзначајните столбови на македонскиот јазик и култура – глаголицата и кирилицата. Изложбата претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата. Првата – запретана во нашето далечно средновековие под бедемите на древниот Охрид, другата – жива, еластична, разиграна готова да ги прегрне предизвиците на новото време.

Авторскиот проект на Лазе Трипков, „Македонска глаголица“ е модерна интерпретација на глаголи-цата. Преку визуелен и графички обликуван кон-цепт, тој има цел да ѝ ги приближи на публиката функцијата и значењето на глаголицата, како и моќта на гласот сочинет во знакот, како еден ко-лективен ликовен систем на изразување и иден-тификација на Словените. Овој негов проект нуди една поинаква визија за глаголицата, при што ја задржува нејзината образовна функционална форма и нè потсетува на големината на едно од најзначајните културни богатства на Македонија. Глаголицата за нас е артефакт и културолошки спо-меник од средновековна Македонија, која преку овој проект му пркоси на забот на времето. Оваа азбука, стамено и гордо стои исправено пред сите предизвици што доаѓаат однадвор во македонското современо живеење, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат своето суштинско значење.

Проектот „Македонска кирилица“ од Ласко Џуровски, претставен овде преку симболичната синтагма По стапките на Кирил и Методиј (правилно)/ По сmаnкиmе на Кирил и Меmо∂иј (неправилно), – првоучителите кои, иако сесловенски и заеднички за сите Словени, со децении се присвојувани од страна на нашиот источен сосед, – треба да ни укаже на проблемите и грешките што се појавуваат кај пого-лем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица во италик. Овој избор на букви треба да ни по-сочи, барем, дел од проблемите и стапиците во кои паѓа македонската кирилица во услови на оп-круженост од кирилските азбуки на другите словен-ски национални јазици. Авторот на овој дел од изложбата, г. Ласко Џуровски го има решението, но не и моќта за нејзино институционално решавање. Оттука и неговата, но и наша потреба, од свртување на вниманието на јавноста и на соодветните нацио-нални институции кон решавањето на овој проблем со кој се соочуваме сите Македонци и корисници на македонската кирилица во модернава дигитална ера.

Изложбата е авторски проект на Лазе Трипков и Ласко Џуровски, со поддршка на МКЦ како официјалната програма за прослава на 50 годишнината од своето постоење.

Лазе Трипков, автор

Ласко Џуровски, автор

Елка Јачева Улчар, стручен соработник

Постави одговор

Your email address will not be published.