Внукот на Али Ахмети обвинува: Членови на ДУИ направија милиони, шофер има куќа од милион долари

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека членови, односно тесната структура на ДУИ направиле милиони, а во наредниот период ќе презентира и докази.

„Од каде е сето тоа богатство. Од каде сите тие пари. Знаеме кои беа до вчера. Знаеме во какви услови сме живееле и во период од 20 години со плати од 1000-700 евра направија милиони? Од каде? Дали сте слушнале шофер да има куќа вредна милион? Логично дали може да има? Доколку куќата чини 500-600 илјади евра, тогаш тој треба да биде милионер. Како тоа може да го направи некој со 600 евра кога е сиромашен“, вели Лимани.

Лимани оди дотаму што тврди дека окколу 80 проценти од членовите на ДУИ се милионери.

Главна цел зошто ДУИ сака да остане на власт под секоја цена се личните придобивки од кои станале милионери, вели Лимани, кој неодамна стана член на Беса.

Меѓу другото, претходно го обвини и лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт.

Постави одговор

Your email address will not be published.