Соопштение на ВМРО ДПМНЕ
Власта на Заев од економија се разбира само од поскапување и задолжувања
„Стандардот паѓа и се поскапува, а власта на Заев ја покрива својата неспособност, недомаќинско и аздисано трошење на народните пари со нов ценовен шок и пад на стандардот на граѓаните.
Долгот заклучно со вториот квартал достигна неверојатни 7,4 милијарди евра или 64,4% од БДП. Тоа значи дека само за последните три месеци власта на Заев ја задолжила Македонија за 213 милиони евра, или за првото полугодие за 904 милиони евра.
Откако се дојдени на власт долгот го покачиле за неверојатни 2,7 милијарди евра нов долг“, продолжува соопштението.
„Потрошија 4 рекордно високи буџети, ја задолжија државата до ниво од 7,4 милијарди евра долг, а парите и делата никаде ги нема“, велат од ВМРО ДПМНЕ.