Власта обвинува: Опозицијата го блокира законот со коj на наставниците континуирано ќе им растат платите

Министерството за Образование и Наука ја обвинува опозицијата дека повеќе од три месеци не ги гласаат законските измени со кои на наставниците и стручните соработници им се обезбедува континуиран раст на платите и подобар статус. Тие нагласуваат дека „во законот кој го блокираат пратениците од опозицијата стои клаузула со која правно се заштитува понатаму девалвирањето на платата на наставникот, односно за првпат платата на наставниот кадар се усогласува со минимална плата. Како минималната плата ќе расте, така ќе растат и платите на наставниците.“

Но опозицијата обвинува дека станува збор за вработување на кадри на СДСМ затоа што се менува законот и сите нови вработувања во училиштата ќе бидат директно на неопределено време, наместо како досега да се чекаат две години за отпочнување на процес на трансформација. „Тоа е полнење на училиштата со партиски кадри“, велат од опозицијата.

Копјата се кршат и околу најавата за исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата.