Временска прогноза за денес и утре

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималните температури се очекуваат да достигнат 42 степени.

За утре се очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.