Совршена зимница: Најдобриот сос од домати

Ако се подготвувате за зимата, не смеете да го заборавите сосот од домати

Потребни состојки:

-5 кг домати
-2,5 лажици сол
-5 лажици шеќер
-2 лажици алкохолен оцет
– Црн бибер
-Оригано
– Босилек
-Мајчина душица

Начин на подготовка:

Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина. Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.

Наредете ги во рерната на 90 степени 90 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ.

Бон апетит!

Постави одговор

Your email address will not be published.