Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаГОВОРНИЦАКолумниЦветановски: Сдсмовскиот вокабулар на Заевите вмровци

Цветановски: Сдсмовскиот вокабулар на Заевите вмровци

Како најдобро ќе ја препознаете припадноста на еден човек?

Од дамнина, најдобар репер бил неговиот речник. Вокабуларот. Тој, преку јазикот на персоната, открива многу работи за неа. Зборуваат за потеклото, наобразбата, професијата, интересите….

Примесите на дијалектот, пак, помагаат и во неговото лоцирање. Оние кои се малку ќе се потрудат целосно го оргнуваат, кога сакаат, нели. А има и личноси кои не можат, оти не сакат или оти толку им сече.

Особено, ова е драстично изразено ако тој некој е Заев, човек кој никогаш не научи и нема ни абер некогаш да го научи македонскиот литературен јазик, па си цепа муртински ко навиен. Да се разбереме, дијалектот е богатство на еден јазикот, но официјалните претставници на една држава, елитата и медиумите мораат да го користат едниот и единствен, кодифициран јазик на државата. Така барем функционира светот.

Во протекторатот Македонија, и онака се’ е изместено, нели. Ах, да, имаме и неаргументрана и непотребна двојазичност…

Познато е дека кога човек е нервозен, од него излегува природниот му карактер и вокабулар. Ви текнува, секогаш кога Зоки ќе се збуни, изнервира ли успаничи, меле муртински и се заборава. Ин нервоза веритас, цццц…

Така и со неговите посвоеници, оние неговите вмровци на „дугме“, кои секогаш кога ќе и затреба на Бихаќка, ги вклучуваат да сеат раздор во противничкиот табор. Класични марионетки, чии конци ги контролира кукларот Заев. Нелогични оксиморони, сдсмовски вмровци, ѓоамити чесен крадец, црн блесок, вечерно утро, храбра кукавица…

Е, ама и тие се издадоа пустите…

Да, ги издаде токму вокабуларот, толку својствен за кујната на СДССССС, толку неврзлив за партијата на која, барем декларативно и припаѓаат.

Во една единствена реченица, си покажаа чии се и зошто се, иако тоа го знаеше целата држава, од авион се гледаше на чиј платен список и од чија партија се изнедрени оксимороните политички.

Еве ја, читајте. За греота е, ама изворна е:

„Само за да ја одбегне сопствената одговорност за поразот, Мицкоски тврди дека тој победил на изборите и индиректно ги обвинува и Помпео и Меркел дека се неинформирани и дека поддржуваат влада формирана на нелегален начин“, срочија Заевите вмровци.

Ауууу. Ви се верува? Ова како Дерала да го смислил, Тричко со Ризаов проверил, Ордановски доправил, Блажевска накитила, а ЦО на СДССС со акаламација одобрил.

Ало, со оваа реченица Заевите вмровци ја аминосуваа „чистата“ победа на Заев, а спинот со Помпео и Меркел е тооооолку комуњарски, што стилот пропагандистички и извртувачи штрчи од вселената. Еинствена видлива работа, освен Кинескиот ѕид . Добро и „дивоградбата“ пред Мавровка де…

Кој нормален вмровец би дал ваква споредба? Ова е ачик дел од СДСССмовската матрица на размислување, класичен ала Бихаќка спин, со која се образуват и раснат кадрите им на ридот.

Прво, нека им објасни некој на потпушувачите дека честитката на Помпео и Меркел е протоколарна, ќе ја добиеше и „нивниот“ Мицкоски да оформеше влада. Стратешки партнери сме, нели. Ваљда…

Второ, следствено од вашите лелеци е дека победата на Заев била чиста ко солза, нели? Така барем испаѓа, го кудите „вашето“ ВМРО чуму се фаќа за фалсификатот кој го видоа сите, освен вие. Ви текнува на падот на системот на ДИК, кој падна само за да го исправи Заев? За драстичните разлики во резултатите на терен и во ДИК? На нелогичните гласови за ДУИ во неалбански средини? Итн. итд. и др…

Да, испадна она Сталиновото, дека е битно кој брои, а не кој гласа. Сите видовме, само вие со очи широко затворени не, оти некој ви ги затвори. Зоки ли? Греота…

Од друга страна, се работи за истите фацички кои кумуваа на смена на името и другарчиња на пребегушите партијски кои го сменија Уставот. Всушност, новата улога одлично им прилега на петтоколонашите…

Од аланфордовски апсект, ова се Заеви вмровци кои цел живот се водат од максимата: „Подобро да живееш 100 години во изобилство, отколку 7 дена во беда“, и кои кога ќе се соочат со првата опасност велат:

„Еј, ај да бегаме, тие се двајца,а ние сме сами! Бегааајјј!“

Извор:Курир.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани