ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип – Бочварски бидејќи нема реализирано ниту еден проект за граѓаните избега од функцијата

На последната прес конференција, Благој Бочварски не‘ потсети за неговата неспособност и кукавичлук. Сакајќи да се претстави како најуспешен градоначалник, тој всушност покажа дека нема реализирано ниту еден од ветените проекти, а заради тоа бега од функцијата и од своите сограѓани, ова дненеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Неизградбата на Жичарата и СРЦ Суитлак, нерешавањето на сообраќајните проблеми, неизградбата на картинг центар, брана на р. Отиња, сала за боречки вештини, катна гаража, гасификација, некоректниот однос кон администрацијата, се само дел од неуспесите со кои Бочварски го обележа овој мандат.  Прашањето е, ако за овој период Бочварски не работеше на развој на градот, дали барем го зајакна својот бизнис, а преку останатите јавни институции обезбеди сигурна иднина за компаниите на неговите најблиски? Или можеби со новата функција, ова му е можност да добие голем дел од колачот кој изминативе 3 години власта го граба од џебот на граѓаните?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип потенцираат дека едно е јасно! Во владеење на СДСМ, најнеуспешниот градоначалник, оној кој мереше асфалт во метри, го унапредија во Министер за транспорт и врски, а младите кои завршиле високо образование, токму од вакви кадровски решенија, веќе ги спакуваа куферите и заминаа далеку од овде.