ДАЛИ ВЛАСТА ГИ КРИE РЕАЛНИТЕ БРОЈКИ- ова е новата бројка на заразени лица по продолжениот викенд во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1, Неготино-1.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341,  бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5903, активни 812

• Куманово 1472, активни 379

• Дебар 252, активни 84

• Штип 1134, активни 132

• Прилеп 463, активни 111

• Тетово 1211, активни 164

• Струга 562, активни 60

• Велес 270, активни 29

• Битола 203, активни 39

• Охрид 337, активни 34

• Кавадарци 182, активни 76

• Гостивар 791, активни 236

• Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 65, активни 19

• Крива Паланка 47, активни 18

• Радовиш 42, активни 6

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 145, активни 27

• Пробиштип 80, активни 13

• Демир Хисар 60, активни 16

• Македонски Брод 71, активни 16

• Пехчево 18, активни 12

• Берово 58, активни 49

• Валандово 9, активни 2

• Виница 71, активни 33

• Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 19, активни 4

• Свети Николе 288, активни 53

• Кичево 269, активни 65

• Ресен 146, активни 0

• Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 450 теста се преку: ИЈЗ-53 , ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0,  Биотек-52, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина со PCR метода -143, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7,  ГАК-16, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 104

• Гази Баба – 99

• Аеродром – 99

• Карпош – 85

• Центар – 76

• Кисела Вода – 101

• Ѓорче Петров – 50

• Бутел – 58

• Шуто Оризари – 32

• Студеничани – 26

• Сарај – 25

• Арачиново – 15

• Илинден – 14

• Сопиште – 5

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково – 3

• Странец – 8

Постави одговор

Your email address will not be published.