Митовски: Срамота Заев, досега беше хибриден диктатор – отсега, диктатор

Јас не знам кои медиуми пишувале од штабот на ВМРО, ама знам кои новинари еднаш неделно јадат ручек со Заев. Јас не знам кои новинари не се критични, но знам кои новинари се сопственост на политички елити, порача уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Неговиот Фејбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Јас не знам кој медиум колку леб јаде од Заев, но знам, дека тие што го јадат тој леб немаат ни грам совест, морал, професионализам и образ да зборуваат за други.

Јас знам, дека во Македонија има луѓе на кои ќе остане иднината. Луѓе како Фуркан Салиу кој и покрај несогласувањата на сите други полиња, остана доследен и принципиелен во одбрана на новинарската фела, и за тоа му благодарам.

А, што се однесува до Зоран Заев, него, не знам како да го искоментирам. Тој човек нема скрупули. Нема лимит. Нема основна култура.

Тој човек, кој еднаш вечера со новинари кои потоа ги нарекува „педери“, а потоа руча со други новинари кои според него се „објективни“ за мене е нестабилна личност.

Но, нестабилноста е она што ме плаши. За среќа, денес имаше можност јавноста да се запознае со неговата друга страна. Човекот презентираше дека сака да има целосна контрола врз секој аспект на општествениот живот. Сака да контролира медиуми – па оние кои не го хвалоспеваат вели дека се вакви или онакви. Неговата потрпетседателка Шекеринска дури и ме прогласи за анти-државен елемент. Структурите на Заев во тајната полиција дури и ме следеле – за тоа има и досие под назив „Атлантик“ (инаку предмет со кој си ги оправдаа средствата кои ги злоупотребија од даночните обврзници на САД)

И внимавајте, Заев вели дека „децата му плачеле“ од мене или новинарите како мене – демек, многу сме го критикувале.

Еее, види мајката…

А, си се запрашал ли Зоран колку деца плачеа од твоите политики? Колку деца плачеа кога се затвараа бизнисмени затоа што не бил доволен рекетот? Колку семејства се завиени во црно затоа што ги лажеше дека ќе им ја обелодениш вистината?

Знаеш ли Заев колку деца плачат поради поскапувањето на струјата, а? Или, колку деца се расплакани затоа што немаат вода во Синичане? Колку деца плачат затоа што денес таткото и мајката вработени во администрација се расправаат затоа што најави дека ќе ги бркаш?

Знаеш ли Заев, колку деца плачат по сценариото „Диво Насеље“, а?

Срамота Заев, досега беше хибриден диктатор – отсега, диктатор.

https://www.facebook.com/MitovskiAleksandar/videos/653185031958047/
Постави одговор

Your email address will not be published.