Заев за ТВ21: Поканата на Ахмети за средба со албанските лидери е притисок врз мене

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како притисок врз него ја толкува поканата на Али Ахмети за заедничка средба со лидерите на политичките партии од албанскиот политички блок.

-Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ, изјави Заев за ТВ21.

На прашањето дали доколку има договор меѓу овие партии, тоа би влијаело врз формирање на новото мнозинство, Заев додаде дека се уште е прерано да каже било каков одговор.

Средбата би требало да се одржи во четврток, по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор. На неа, како што соопштија од ДУИ, поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА.

Постави одговор

Your email address will not be published.