Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИМицкоски за формирање Влада - Правиме обиди за формирање на парламентарно...

Мицкоски за формирање Влада – Правиме обиди за формирање на парламентарно мнозинство базирано на принципи, не прифаќаме диктати и уцени

Во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој зборуваше за можните пост изборни коалицирања, како и за формирањето на ново парламентарно мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За обнова на Македонија”.

Бројките кои што произлегуваат како резултат од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15-ти јули, укажуваат на фактот дека се можни бројни комбинации за формирање на ново парламентарно мнозинство, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, како еден од сериозните претенденти за формирање на ново парламентарно мнозинство е ВМРО-ДПМНЕ, кое што во својата понуда има конкретни проекти и принципи врз кои треба да се темели идната влада на Република Македонија. Мицкоски додаде дека ниту тој, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара врз база на диктати и уцени.

“Ние моментално разговараме и ќе разговараме во иднина со сите политички партии кои што посакуваат просперитет на Република Македонија, односно да имаме посилна економија, подобро здравство, еднакви права за сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка припадност. Државата се наоѓа во незавидна ситуација поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, но исто така се наоѓа и во една економска бездна од која што мора што побрзо да излеземе, а за тоа е потребна нова и стабилна влада”, вели Мицкоски.

Уцените и диктатот не се синоним на едно модерно општество кое треба да биде подобро за секој еден граѓанин и токму поради тоа мора да разговараме и разговорите да се базираат на проекти за подобро утре на народот кој живее во Република Македонија. Граѓаните имаат потреба од стабилна економија, силно здравство, образование по светските теркови и подобар животен стандард, а не дневно политички препукувања на национална основа, заврши Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани