Со повеќе од 219 илјади случаи за само еден ден, вкупниот број на заразени со коронавирусот во светот надмина 12 милиони и 300 илјади луѓе, соопшти Светската здравствена организација.
Бројот на починати надмина половина милион и достигна 556 илјади.
Според последните податоци на СЗО, за еден ден се регистрирани 219.983 нови случаи на заразени, а починале 5.286 пациенти со Ковид-19.
Вкупниот број на заразени во светот достигна 12.322.395, бројот на смртни случаи 556.335.
Најголем број на заразени има во САД – 6.397.230 и во Европа – 2.888.850. (МИА)