Налеј, Налеј, љубовна приказна која ги руши сите рекорди

Спотот за водечката нумера на серијата Македонија “Налеј, налеј“ кој ја доживеа својата промоција пред само 24 часа ги запали социјалните мрежи и во буквална смисла ги руши рекордите по гледаност!

Резултатите од мерењето на аналитичката платформа MEDIA TOOLKIT објавени денес во 14 часот, покажуваат дека вкупно 544.201 македонски гледачи го виделе НАЛЕЈ НАЛЕЈ! И сето тоа само на социјалните мрежи, што го направи НАЛЕЈ НАЛЕЈ најгледаното видео на сите времиња во МАКЕДОНИЈА во еден ден!

Бидејќи видеото НАЛЕЈ НАЛЕЈ се појави истовремено на бројни канали како Facebook, Twitter, You Tube и WhatsApp, податоците рапидно растат од час на час .. така што се очекува во текот на утрешниот ден НАЛЕЈ НАЛЕЈда има повеќе од 1.000.000 прегледи на социјалните мрежи!Податоците што штотуку пристигнуваат покажуваат огромен интерес на македонската дијаспора во Австралија, Канада и САД за МАКЕДНИЈА, која е љубовна приказна.

Емотивната изведба на македонската песна ги разбуди позитивните емоции кај граѓаните на Македонија и тие ја споделуваат песната со емотивни пораки во неа.

Зборовите „Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе… Те сакав жив… А те мразам мртов ..Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата?

А Зошто ме остави за неа, за секогаш? Зошто? Која е Македонија?Што е Македонија?“ како да допираат до најчувствителните делови на душата.

Македонија е навистина љубовна приказна, Македонија е земја во која сите се заљубуваат, земја која е во срцето и душата.

Постави одговор

Your email address will not be published.