Михајловски: Не се предадовме не се откажавме, не излажавме, не убивме, и не украдовме

Разочарано и демотивирано членство, празни штабови, празни месни комитети, многу и затворени, задолжена партија после десет години на власт,задолжена преку 8 мил евра, предавници пратеници кои највеќе се чукаа во гради дека се Христо Узунов, разочарани милионери и киднапери на фотељи и канцеларии кои веднаш почнаа да плукаат по “новите” и заборавија како ги браневме братски додека ги растргнуваат со бомби, не се буневме дека тие беа избраните околу лидерот и свитата на Султанот, избега човекот кој се нудеше да го судат него, а да ја остават партијата, револтирано членство кое се чувствуваше предадено, напади од комунистичката повраќаница сдс но и жестоки напади и предавства од внатре, и тоа од оние заради чии грешки и глупости не можеше членството и народот во очи да ги погледнете, стиропорот почна да се појавува на виделина, фекалиите исто така, па сепак….не се предадовме, не се откажавме, не направивме компромис со злото, не излажавме, не убивме, и не украдовме, пишува на Фејсбук Тони Михајловски.

Ги прифативме грешките на тие пред нас, бидејќи тоа се грешки на ВМРО-ДПМНЕ, и се обидовме да ги исправиме и да му ја вратиме вербата и храброста на членството и народот убедувајќи ги, и ветувајќи им дека грешките нема да се повторат. Ете тоа беше наследството кое го оставија оние претходните, вечните и најубавите. Запомнете, крокодилот не плаче. Големите парчиња што ги голта само му го иритираат грлото и очите.

https://www.facebook.com/toni.mihajlovski/posts/10158896613732755
Постави одговор

Your email address will not be published.