Анонимните хакери со нова порака до Министерството за здравство
Македонска група на хакери, кои засега остануваат анонимни, ги хакираше веб сајтовите на Министерството за здравство и Министерството за образование.
Од Министерството за здравство соопштија дека се хакирани и мејловите на сите нивни вработени, но анонимните хакери преку Твитер ги демантираа.
Хакерите исто така застанаа за нападот на „Тајм.мк“ на денот на изборите, а неодамна ги имаа хакирано и веб сајтовите на пејачките Дуа Липа и Рита Ора.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат активности за откривање кој стои зад анонимните хакери. Портпаролот, Тони Ангеловски, рече дека не знае дали АнонОпсМКД се тие кои ја хакирале и страницата на ДИК и агрегаторот за вести „Тајм.мк“, иако самите хакери го признаа тоа.