Аква паркот Пробиштип со соопштение до сите посетители

Соопштение до сите наши почитувани посетители❗❗❗

Сакаме да ве информираме дека по одлуката на Владата и донесените протоколи Аква Парк Пробиштип како одговорна компанија ќе ги превземе следните чекори за ваша и наша заштита.

  • Аква Паркот ќе работи секој ден од 10 до 19 часот.
  • Обележано растојание пред билетарата, и организирано влегување од редар.
  • Обезбедено растојание на билетарата помеѓу посетителите и лицето за наплата на карти.
  • Билетите можете да ги купите преку нашиот пос терминал. Наплатата на храна и пијалок исто така се наплаќа во нашиот парк преку специјализиран софтвер (без контактно, веќе познат на посетителите).
  • Поставени дезбариери (подлоги) на повеќе места во Аква Паркот, посебно на сите клучни места каде има проток на посетители.
  • Сите маси за посетителите се поставени на препорачаната дистанца од 2м
    -Лежалките се поставени по протокол.
  • Поставени се средства за дезинфекција на масите и на влезот во Аква Паркот.
  • Честа дезинфекција на соблекувалните на секои 2 часа направена по протокол од Аква Паркот. Лице (редар) за организација за користење на соблекувалните.
  • Сите вработени во Аква Паркот задолжително носат маски за заштита од вирусот.
  • Организирана дистанца од страна на редари за коритење на тобоганите во Аква Паркот.
  • Аква Парк Пробиштип располага со нето површина од 14000 m2 тоа значи дека непречено можеме да примиме 2000 посетители. Но како општесствени одговорна фирма влезот ќе го ограничиме на 1000 посетители дневно.
  • Честа контрола за квалитетот на водата за безбедно користење на базените.

Со почит Аква Парк Пробиштип

https://www.facebook.com/AQUAPARKMACEDONIA/posts/5120112721347744
Постави одговор

Your email address will not be published.