2.019 нови случаи на Ковид-19,19 лица починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје, 3 починати од Прилеп, 2 починати лица од Битола и по едно починато лице од Гостивар, Охрид, Кочани, Свети Николе, Струмица и Штип. Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1). Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.