Ковачки и Сајкоски до активистите на ДУИ: За поткуп незаконски изборни активности се лежи во затвор, на 9-ти мај нема да ве спаси ниту Али Ахмети – ќе одговарате до еден

„Македонија мора да ја вратиме во рацете на граѓаните“

Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3.

„Немојте да се плашите, ДУИ не смее да извади пратеник во тројка. Ве повикувам сите масовно да излеземе на гласање.

А, за активистите на ДУИ им упатувам порака – на 9-ти мај ќе одговарате, за ова се лежи затвор. Ќе лежите сите од прв до последен. Нема да ве спаси Али Ахмети. Нема да ве спаси ниеден што ве пратил таму да правите поткуп. Бидете сериозни. Го кршите демократскиот процес.

Македонија мора да ја вратиме во рацете на граѓаните“ – напиша Ковачки.

Исто така се гласи и Сајкоски:

Пред завршетокот на изборната кампања од граѓани добиваме информации за незаконски активности на членови на ДУИ во Охрид предводени од нивни препознатливи локални првенци.

Поседувањето на избирачки материјал, списоци со лични податоци на гласачи, слики од гласачки ливчиња со заокружен број пред кандидат на ДУИ е зборува за нервозата од губење на власт.

Станува збор за тешки дела против изборите и слободната волја. Никој нема да остане неказнет.

Гласовите на граѓаните не се на пазар да се купуваат со ситнеж од големите криминали.

Веруваме дека Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги санкционираат сите криминалци кои мислат дека може со пари да ја сменат волјата на граѓаните.

Апелирам до граѓаните да си гласаат по сопствена волја. Зад параванот никој нема да види за кого сте гласале.

Да ги избркаме криминалците од власт. Со украдени пари нема да го купуваат нашиот глас.

Масовноста на изборите ќе ги победи криминалците, пишува на ФБ генераниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и носител на листата во ИЕ 5.