До крајот на неделава Владата треба да донесе одлука како ќе започне наставата во второто полугодие

„До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени“, изјави Министерот за образование и наука Шаќири.

„Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава“, рече Шаќири, притоа нагласувајќи дека протоколите за заштита од Ковид-19 треба постојано и секаде да се почитуваат.

Инаку, да потсетиме, дека заради влошената епидемиолошка слика, Владата одлучи да го продолжи зимскиот распуст за учениците до крајот на јануари, со тоа што учебната година ќе заврши во редовниот рок, односно на 10 јуни 2022.