Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДСМ затоа го блокираат Изборниот законик

Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата, потенцираат од партијата.

Во соопштението наведуваат дека токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот.

„СДС и Венко Заев наместо да покажат минимум одговорност и да овозможат полесно остварување на избирачкото право на иселениците, СДС прави се за да го закочи Изборниот законик. СДС и Венко Заев знаат дека дијаспората нема да гласа за оние кои ја натераа да си замине.

Блокадата на СДС и Левица нема никаква врска со демократијата, туку со стравот од уште поубедлив изборен пораз.

Доказ дека СДС се плаши од избори е и последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДС, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови.

Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДС не добиваат поддршка.

На СДС му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДС ќе продолжи да опаѓа“, нотираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас јавно го поздрави предложениот Изборен законик и повика на политички консензус за негово донесување. Единствени кои остануваат на спротивната страна се СДС и Венко Заев, кои повторно ги ставаат партиските интереси пред интересите на државата и граѓаните, стои во соопштението.

СДС и Левица колку и да блокираат, колку и да опструираат, вистината не можат да ја сокријат. Граѓаните добро знаат кој ја доведе државата до оваа состојба и кој ги принуди нивните најблиски да ја бараат својата иднина надвор од Македонија, потенцираат од владејачката партија.

Следните избори ќе бидат јасен одговор на нивната политика на блокади, поделби и неуспеси, нагласи ВМРО-ДПМНЕ во соопшението до медиумите.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK