Мицкоски: Предвреме е вратен долг од претходната Влада од 700 милиони евра

Мнистерството за финансии ја исплати евро обврзницата за 2020 година. Премиерот на Владата Христијан Мицкоски даде свое видување што тоа ќе значи за јавниот долг на државата.

– Вретени се 700 милиони евра која што претходната Влада ги зема во 2020 година, тие се вратени пред време со што се заштедени неколку милиони евра. До сега во овие две години сервисирани се или репрограмирани се околу 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени од 7 години Влада СДСМ и ДУИ, кои во најголем дел се од тој период. Процентуално тоа е нешто повеќе од 3/4 долг. Ние ги сервисираме тие обврски и истовремено изнаоѓаме средства за вакви проекти, за инфраструктурни проекти коишто вие ги гледате, потенцира Мицкоски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK