На Венко сите му се виновни: СДСМ тргна против Игор Ивановски и Андреј Петров
Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров, се наведува во соопштението на СДСМ.
Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година.Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии.
Такво нешто не постои во светот само во Циркус – Мицкоски. Особено е апсурдно кога во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска – кој во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ. Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи?
Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше. Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови?
Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата? Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ. Да сакаа вистински да помогнат на СДСМ, ќе ги прифатеа повиците и понудите од Претсесателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.
Оваа платформа е ЗНАМ 2.0 – проект на Мицкоски за понатамошно слабеење и делење на опозицијата, по примерот на сестринската партија СНС и Вучиќ.
Comments are closed.