Репортажа на германската ZDF: НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА ВО ЕУ!

Германската новинарка Брита Хилперт направи кратка репортажа за Македонија и апсурдот со кој се судираме при влезот во ЕУ.

Редакцијата на ZBOR.COM.MK ви ја пренесува во целост.

Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ. Земјата веќе го смени името за ова, а исто така сака да го преработи уставот. Како надежта во ЕУ се претвора во отфрлање.

Селото изгледа толку старо колку и земјата. „Сите биле во Северна Македонија“, раскажува Златко Нецкоски, „Грците, Римјаните, Османлиите, Бугарите“.  

„Македонија вечна“, покажува графитот на гордоста, но и на протестот, бидејќи барањата за влез во ЕУ го повредуваат македонскиот идентитет, смета тој.

„Сменето го името и ќе влезете во ЕУ,  сменете го знамето и ќе влезете во ЕУ, а потоа и  барањето за промена на уставот на Бугарите. Треба ли да станеме Бугари за да влеземе во ЕУ? – НЕ!

Тоа е главната тема на разговор во земјата. Досега беше ЕУ популарна, но одеднаш барањето на соседот Бугарија нејзиното малцинство да има повеќе привилегии стана услов за влез во ЕУ.  

„ЕУ? – Да“, вели таа, „но не по секоја цена“!

„Не така, треба ли  заради Бугарија да ја измениме нашата традиција, култура, идентитет? Тоа е понижување “, вели тој.

Љубчо Георгиевски го почувствува многу одблиску мешањето на Бугарија во работите на Северна Македонија. Едно опожарување ја уништи вратата на неговиот центар во Битола, трагичната точка на културната кавга.

Од времето на Нацистите се Бугарите и Македонците многу блиски, раскажува тој и е радосен што Бугарија се вмешала.

„Ние побаравме помош од Владата на Бугарија и тие ни помогнаа, нас тука никој не нè слуша и не нè консултира, како воопшто да не постоиме“.

На брегот на Охридското езеро се сретнав со бившиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тој смета дека ЕУ со Бугарија се однесува исто како и Путин со Украина, но без војна.

„Нашиот јазик е само дијалект, нашата нација е само грешка на историјата. Како зборува Путин за Украина, така зборува и Претседателот на Бугарија за мојата земја“. Целата ЕУ губи на доверба, смета тој и тоа ја турка неговата земја во политичка криза

Влезот на Северна Македонија во ЕУ се чини дека повеќе не е сигурен.

https://www.youtube.com/watch?v=nYrx9CfX5Hc