ИЈЗ со препораки до населението во Гостивар

Институтот за јавно здравје излезе со препораки до населението во Гостивар по големиот број граѓани со симптоми на труење од небезбедна вода.

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба.

Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба.

Важно: До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака.

1. Вода за пиење и подготовка на храна

· Не користете вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна.

· Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден.
· За пиење користете фабрички пакувана вода (флаширана вода).

· Не користете вода од водоводот за:

o подготовка на храна;
o миење овошје и зеленчук кои се консумираат свежи;
o подготовка на мраз;
o подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци.
· Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK