Бразилката Ина Канабаро Лукас, која беше прогласена за најстара личност на светот, почина на возраст од 117 години.
Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде што ги помина последните години, објави BFM.
Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонката Томико Итока во јануари, која почина на 116 години.
Канабаро Лукас имаше 116 години и 326 дена во времето на нејзината смрт, објави Конгрегацијата на сестрите Терезијан.
Лукас беше родена на 8 јуни 1908 година.
Својата духовна кариера ја започнала на 16 години кога влегла во училиштето на сестрите Терезијан, а на 26 години станала монахиња.
Во текот на својот живот, таа служела како учителка и секретарка, а во 2018 година, на речиси 110 години, добила апостолски благослов од папата Франциск.
Лукас е втората најстара калуѓерка во историјата, по Французинката Лусил Рандон, која живеела до 118 години.
По смртта на Лукас, најстара личност во светот сега е Англичанката Етел Катерам, која моментално има 115 години и 252 дена, покажуваат податоците на Геронтолошката истражувачка група (GRG).
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.