Мицкоски: Денеска, како никогаш порано државата е едно големо градилиште
Денеска, како никогаш порано државата е едно големо градилиште. Се гради на повеќе од 1.200 локации рече премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелникот ан автопатот Тетово- Гостивар
Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде долг 18 километри.
Проектот за изградба на автопатот Тетово-Гостивар опфаќа и девет натпатници од кои – 8 натпатници за поврзување на локалните патишта со новопроектиранит паралелен пат, еден натпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште, додека за реконструкција на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник.
Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар ќе чини 90 милиони евра.
На настанот се обрати и амбасадорката на САД , Анџела Агелер.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.