Возило удри петгодишно дете во Велес, пренесено на Клиника со тешки повреди на главата

Вчера попладне околу 15:15 часот на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете. Како што информираат за МИА од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешката Општа болница.

Според д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница, на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.

Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK