Филипче исвиркан од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани (ВИДЕО)

Насобраните луѓе извикуваа „убијци“ и „Уа“. Филипче им одговори дека се тука за да им дадат поддршка а не дека излегле за да добијат политички поени. Граѓаните, пак, го протолкуваа потегот токму онака како што беше – неуспешен обид за собирање политички поени на сметка на кочанската трагедија која зема 62 животи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче излезе пред семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. Но, таму беше исвиркан и запрашан што се случило со двете решенја за забрана на работата на Пулс, кои биле издадени од МВР кога СДСМ била на власт.

Насобраните луѓе извикуваа „убијци“ и „Уа“. Филипче беше во придружба на пратеници на СДСМ.

Граѓаните, пак, го протолкуваа потегот токму онака како што беше – неуспешен обид за собирање политички поени на сметка на кочанската трагедија која зема 62 животи.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK