Филипче до милиметар ја следи политиката на Заев, кој со една рака на срце се колнеше во македонска жичка, додека со другата ја распродаваше
Венко Филипче се гордее со неговиот претходник, Зоран Заев и учи од него, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче се гордее со неговиот претходник, Зоран Заев и учи од него, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тој призна дека не сака да се одвои од неговата сенка и дека и народот треба да учи од неговото искуство и политики спроведени во минатото. А неговите политики спроведени во минатото од Заев, покрај криминал и корупција се предавството на националните интереси. Зоран Заев е човек кој со едната раката на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше. Откако со Бугарија влезе во процес на преговори и без око да му трепне, Заев прифати се што Бугарите од него побараа. Сега, таа попустлива политика на Зоран Заев спрема Бугарија, до најмал милиметар ја следи и неговиот наследник во СДС, Венко Филипче. Наместо државничка политика за заштита на националните интереси, Филипче инсистира на попустлива и политика на предавство на националните интереси. Дека политиката на Филипче и СДС е предавничка, пред некој ден потврди и Бујар Османи, кој призна дека со дозвола на СДС, со Бугарија преговарал за етнички прашања. Со вакви погубни и предавнички политики и послушнички и поданички однос кон Заев, не е ни чудно што на последните анкети на јавното мислење, половина од граѓаните Филипче не го препознаваат за лидер на опозицијата, истакнуваат од владејачката партија.
Со неговите потези Филипче само потврдува дека СДС продолжува да биде синоним за неспособност, криминал и предавства, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.