Кривична за екс-директор на „Комуналец“ Струмица, еве како ја злоупотребил функцијата
На ден 29.04.2025 година од страна на СВР Струмица е поднесена кривична пријава против лицето З.Г поранешен директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 и против лицето Е. Н управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ Струмица за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 ст.4 в.в. „Соизвршителство“ чл.22 од КЗ.
Имено првопријавениот извршувајќи ја функцијата директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во текот на 2022 година злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба склучил Договор под закуп на деловен простор лоциран во Градска капела на Градски гробишта во Струмица со второпријавениот како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица со закупнина од 14.200 денари со ДДВ месечно за период од 10 години или вкупно 170.400 денари за една година.
Во 2023 година првопријавениот со второпријавената како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица, и покрај тоа што се уште им траел Договорот за закуп со умисла извршиле и второ временски поврзано дејствије искористувајќи ист траен однос со што потпишале уште еден ист Договор за закуп за период од 10 години и покрај тоа што претходниот договор од 2022 година бил во важност за кое нешто од страна на второпријавената како управител веднаш е извршена уплата за закупнина во вкупен износ од 1.704.000 денари.
Со таквите дејствија првопријавениот во дејствије со второпријавената постапиле спротивно на член 4 став 2 од Законот за гробишта и погребални услуги и член 7 став 1 точка 4 од Закон за заштита и конкуренција со што му овозможил на второпријавениот да ја врши дејноста како оператор на погребални услуги и да се стекне со имотна корист вршејќи дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги и Правилникот за нормативи и технички стандарди и здравствено -санитарни услови за изградба и реконструкција на гробиштата не смее да се даде под закуп на трети лица.
Од горенаведеното е утврдено дека првопријавениот како извршител на функцијата директор на ЈПКД Комуналец“ Струмица во текот на 2022 година и 2023 година и овозможил на второпријавената како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица да врши дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги не смеел да се издава на трети лица и со тоа дејствије истиот овозможил ЈПКД „Комуналец“ Струмица против правно да се стекне со парични средства во вкупен износ од 1.870.400 денари.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.