Ковачки: Македонија конечно води проактивна, самостојна и проевропска политика, но на македонски начин, со дигнитет – тоа ги боли!
Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува. Кога ќе ја видиме насловната страна од бугарски портал со зборовите „Мицкоски со длабок поклон пред Борисов“, првата мисла е неспорнa – колку всушност им недостасува Заев. Да не се лажеме – ова е уште една ефтина, намерно исечена и тенденциозно интерпретирана фотографија, направена со јасна цел: да се претстави гест на учтивост како покорност, коментира Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Но тие времиња завршија. Нема веќе коленичење, нема поклони, нема откажувања од себе. Македонија никогаш погорда, цврсто чекори напред, работејќи да ги оствари само своите, а не туѓите интереси! Македонија конечно води проактивна, самостојна и проевропска политика – но на македонски начин, со дигнитет. И тоа ги боли! Затоа што по години на слугување, конечно има држава што кажува „не“, вели Ковачки.
Тој посочи дека секој пат кога се обидуваат вака ниско да го дискредитираат премиерот, само потврдуваат дека Мицкоски е проблемот за нивниот долгогодишен план на асимилација.
-Нека си прават монтажи, нека си прават илузии – Македонија ќе оди напред. А тие, како што рековме, ќе си останат тоа што се, коментира пратеникот.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.