Aкција „Вардар“ во Србија – уапсени шест лица за фалсификување евра, пронајдена печатница за пари
Српската полиција, како дел од големата меѓународна полициска акција за откривање на фалсификатори на евра, во која учествува и македонската полиција, денеска во Нови Сад, Нови Пазар, Суботица и Сомбор приведе шест лица.
„Постапувајќи во рамките на оперативната обработка „Вардар“, полициски службеници на СБПОК во соработка со полициски службеници на Република Македонија и Европол, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, лишени од слобода на 02.02.2025 година на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) вкупно шест лица, членови на организирана криминална група, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела здружение за извршување на кривичното дело – прекршок од член 346 од КЗ и фалсификување пари од член 241 од КЗ“, јави српската полиција.
Акцијата на српската полиција е во координација со македонската полиција и со ЕВРОПОЛ.
Нетпрес денес објави дека е во тек голема меѓународна полициска акција за откривање на фалсификатори на пари, а сомневањата се дека печатницата за фалсификувани евра и долари е во Македонија.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.