Сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци побара да одговараат и таткото на убиецот и судијката Даниела Алексовска-Стојаноска
Во Кавадарци се одржа протест поради смртта на Фросина.
Росица Кулакова, сестра на Фросина, која беше усмртена од возачот Васил Јованов на пешачки премин, побара да се затворат таткото Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска-Стојаноска која во постапката за дрогата му одредила воспитна мерка, наместо затвор. Таа смета дека тие не можат да извршуваат државни функции.
„Општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се начистиот одраз на своите родители. Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на држвните фунцкии не смее да се сведе само на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кој својот карактер го покажале и во својот живот како граѓани, родители. Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник, да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Ваквите лица не смеат да добијат јавна функција туку да одговараат за сопственото делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели“, рече Росица Кулакова и додаде:
„Ние за Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото, бараме да одговара таткото, да се затвори таткото, Зоран Јованов и судијката, Даниела Алексовска-Стојаноска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку се кријат и бришат профили“.
На крајот, посака никој да не го поминува ова што го минува таа и нејзиното семејство.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.