ПРАВДА ЗА ФРОСИНА: Протестен марш од Универзална сала! (ФОТО)
Реки народ попладнево излегоа на протест во Скопје, барајќи правда за загинатата Фросина Кулакова од Неготино, која на Партизанска пред неколку денови ја прегази Васил Јованов.
Демонстрантите од Партизанска се упатија кон Собранието. Таму со молк оддадоа почит на загинатата девојка. Таткото на Фросина, Тодор беше присутен на протестот во Скопје. Тој рече дека прво следува фаза на шок, па на бес и вели дека јавноста може да донесе правда. Демонстрантите извикуваа „Убијци“. Таткото на девојчето рече дека треба да одговараат и родителите кои создаваат монструми. Демонстрантите порачаа дека секој еден може да биде следен.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.