СВР Скопје го расчисти случајот со пронајденото оружје во Арачиново, кумановец заврши во притвор
По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово.
СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с.Орланци кон с.Никуштак.
Полицијата тогаш пронајде девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција.
По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово.
На 29.12.2024 Х.С. е лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка, информира МВР.
Oд страна на судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.