Само една недела откако катастрофалните поплави однесоа над 200 животи во Валенсија, силно невреме ја зафати Каталонија и ја поплави Барселона.
Над 800.000 луѓе се предупредени да не излегуваат надвор, училиштата се затворени и сообраќајот е запрен. Во Барселона и околината, железничкиот сообраќај беше прекинат, а имаше откажувања и одложувања на летови на авиони.
#ATENCIÓN || Varios videos que circulan en las redes sociales muestran las inundaciones en varias zonas de #Barcelona, #España incluido su aeropuerto, en donde varios vuelos son desviados a otros aeropuertos. pic.twitter.com/H35O6SRxeD
— AcademiaTV (@Academiatvec) November 4, 2024
Исто така, црвена временска тревога е во сила и за цела Каталонија, објави Паис.
Аеродромот „Ел Прат“ во Барселона беше поплавен, што предизвика откажување и одложување на летовите, додека 17 беа пренасочени, а брзите возови беа прекинати меѓу каталонската престолнина и градот Тарагона.
L’aeroporto di #Barcellona completamente allagato. #Dana #alluvione #Spagna #4novembre #Barcelona pic.twitter.com/evNEuqmydx
— Roberto • 🆁🆅 (@rrtvln) November 4, 2024