ПАТУВАЊЕТО МЕЃУ СКОПЈЕ И БЕЛГРАД ЌЕ БИДЕ ДВА ЧАСА И 15 МИНУТИ: А до Солун ќе се патува за час и половина
Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, вели дека една од главните заложби и зошто тој е министер за транспорт е изградбата на брзата пруга Скопје – Солун, кој што треба да вози со 200 километри на час.
„Идејата на таа пруга е да продолжува до Атина, затоа што таа пруга е веќе изградена, но исто така и до Белград, Будимпешта и Виена. Помеѓу Белград и Будимпешта е скоро готова брзата пруга, се гради, а во следниот период треба да се изгради Белград-Ниш-Табановце-Скопје, како би имале брза пруга долж целиот коридор 10 за да можат граѓаните да се возат со 200 километри на час. Тоа ќе значи дека патувањето помеѓу Скопје и Белград ќе биде 2 часа и 15 минути“, вели тој.
Погледнете ја неговата цела изјава: