Мицкоски: Европа и светот видоа кои се вистинските намери на Софија – да покажуваат мускули

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие којшто нè понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протестни ноти, и нема повеќе да имаме меѓународна дипломатска политика со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине Рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба да се реагира. Зошто ако не реагирате тој исклучок ќе стане пракса. Она што е поважно за мене е што Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, а тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството на Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем. Таму многу поголема е потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Европа и светот можеа да видат дека не е вистинската намера Бугари во Устав туку многу многу повеќе од тоа. Ние сме подготвени секогаш на добрососедски односи со добрина да возвратиме, но тогаш кога се поминат црвените линии, мора да интервенираме како што е тоа случај сега кога ќе му биде врачена протестна нота на амбасадорот на нашиот источен сосед, рече Мицкоски.