КАКОВ ИМОТ ПРИЈАВИЛ ЛАЗАР НАНЕВ – Судијата кој ОСТВАРИЛ 95 ПОВИЦИ СО ОБВИНЕТ, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судскиот совет на Република Македонија одржа јавна расправа во врска со постапка иницирана по поднесени барања за одговорност на судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, кој е во фокусот на јавноста откако вчера на седница на Комисијата на известители на Судскиот совет беа презентирани докази дека имал 95 телефонски повици со обвинет во предмет кој го водел.

Тој не дојде на седницата.

За случај по кој постапувал Напев бил обвинет за кривичното дело недозволено пренесување на акцизно добро и добил ослободителна пресуда.

Како што соопштија од Комисијата, тој имал телефонски повици кон обвинетиот Вачно Кузманов, сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ.

Дали ќе има одговорност за него, Судскиот совет дополнително ќе одлучува.

Во неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија,  на свое име пријавил стан во Скопје и два автомобили.

Тогаш пријавил и приходи од членување во управен одбор, заем кој го зел во 2014 година, за кој нема податок дали го вратил, два кредити, од кои едниот според податоците во анкетниот лист, треба да е вратен и вториот од 2,8 милиони денари, кој треба да го врати следната година.

На име на родителите пријавил и деловен простор, земјоделско земјиште и куќа во Кавадарци, а на име на децата пријавил уште еден автомобил.