Мицкоски за најавите за апсења: Граѓаните да бидат трпеливи, не сакаме да правиме естрада
„Криминалот бил епски врз основа на индициите кои ги имаме и кои ги добиваме од институциите кои влегуваат во трага за изминативе седум години. Навистина станува збор за нешто многу лошо“, изјави претседателот на владата на Република Македонија во неговото гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, потенцирајќи дека има повеќе истраги за криминал, ќе има покренати случаи и одговорноста ќе се случи во државата.
Премиерот Мицкоски истакна дека за прв пат во историјата на државата имаме врховен судија фатен во криминал за примање на мито, претседател на Совет на јавни обвинители кој е соучесник во тоа криминално дело каде подоцна има признание и има завршница.
„Неколку криминални групи кои се активни во Скопје на полето на изнуда, рекетирање, палење на објекти им сме во трага, знаеме за кои луѓе станува збор, тие се координирани од затворите со веќе осудени криминалци кои се осудени за извршени убиства и така натаму. Не треба да ова да правиме естрада, не е посебно ако државата го спроведува редот и законите и тоа ќе продолжи, затоа што ние немаме втора опција, ние не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади. Ние сакаме да расчистиме со криминалците без разлика дали се на улиците, политиката или на некое трето место“, нагласи премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека мораме да расчистиме со криминалот за да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред.
„Ако сакаме да не биде како држава, да бидеме просперитетна држава која ќе нуди иднина за младите генерации, Македонија да биде повторно твоја тогаш ќе мора да се расчисти со криминалот. Не должиме никому, немаме концесија кон никого и ова мораме да го направиме“, рече премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски најави и посебен тим и отворена линија на која граѓаните ќе може да пријават доколку во некои од институциите им е побарано мито или свесно некој го одолговлекува она кое по закон им припаѓа и за тоа се предмет на закани и притисоци од некој од вработените во рамки на администрацијата.
Мицкоски воедно истакна дека од септември борбата со криминалот ќе биде засилена.
„Тоа ќе трае се додека сите кои се огрешиле пред законот не бидат изнесени пред очите на законот. Верувам во пресумпција на невиност, но за сите за кои постојат сомненија за сторен криминал и докази, сите тие ќе бидат спроведени. Ова ќе важи за сите функционери и сега именувани кој се огрешил ќе одговара и тука нема да има пардон“, изјави Мицкоски.
Мицкоски коментирајќи ги најавите дека од есен ќе има апсења побара од граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи како што рече не сака да прават естрада од сето тоа како во минатото и да има упади во домови, камери и слично.
Тоа нема да се случува. Не треба да правиме естрада..Не е ништо посебно ако државата го споредува редот и законите бидејќи ние немаме втора опција.Не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади, сакаме да расчистиме со нив без разлика дали се на улиците, во политиката. Мораме да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред.Ако сакаме да не биде како држава, мора се расчисти.Не должиме никому како генерација политичари, немаме концесија кон никого и ова е тоа што мораме да го направиме-изјави Мицкоски.