Во општините со доминантно албанско население и до трипати поголема излезност на парламентарните во однос на претседателските избори

Податоците објавени на страницата на Државната изборна комисија за излезноста до 11 часот на денешните двојни избори уште од утрово го покажува она на што се предупредуваше по првиот круг на претседателските избори – граѓаните од албанска националност го бојкотираат избирањето на претседател на Македонија.
Ова се досегашните податоци за излезност во општините со мнозинство на албанско население, а според кои се гледа разликата на гласачи кои гласале на претседатлските VS парламентарните избори:

Гостивар 5049 со 6856

Тетово 6077 со 9349

Струга 3310 со 4266

Чaир 3.461 со 2477

Арачиново 354 со 738

Сарај 1359 со 2829

Липково 457 со 1908

Студеничани 353 со 285

Чашка 676 со 822

Боговиње 640 со 1605

Желино 771 со 1823

Пласница 270 со 447

Како што веќе е познато, граѓаните со право на глас денеска имаат избор да гласаат и на двата избори или да одберат да гласаат само за претседател и само за Собрание. Oфицијални повици за бојкот на изборите немаше од ниедна политичка партија, но постојано се зборуваше дека доколку не се оствари цензусот за излезност во вториот круг на претседателските избори, односно нема излезност од 40% од запишаните гласачи – се оди на нови избори и се создава вештачка политичка криза, за на крај да се остварат барањата на дел од албанските политичари претседател на Републиката да се бира во Собрание.