ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПРАВОТО И ИСПОЛНЕТЕ ЈА ОБВРСКАТА: Вреднувај го своето мислење, ИЗЛЕЗИ И ГЛАСАЈ!

Да се излезе на избори и да се гласа не е само привилегија, туку и одговорност. Изборите се време кога почнува да се одмерува изразувањето на волјата на граѓаните. Кога граѓаните гласаат, тие ѝ даваат или одземаат доверба на одредена политичка опција да управува со нив и со Македонија. Тоа е рационален и социјален чин на избор. Гласањето е показ и доказ за зрелоста на демократијата. Преку гласањето, не само што ја изразуваме нашата индивидуална волја, туку го користиме правото на избор, како најсилно оружје, за да ги одбраниме нашите ставови, идеи и одлуки. Секој глас директно влијае во формирањето на политичките одлуки кои имаат влијание на нашето секојдневие.