СДСМ објавува лажни документи, ВМРО-ДПМНЕ најавува тужба за клевета

ВМРО-ДПМНЕ најостро и ги демантира информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДСМ.

Од партијата тврдат дека не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС.

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста-велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквите информации се од кујната на СДСМ кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз.

На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето.

Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави. Да потсетиме на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен.

Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДС да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета.