Разорен земјотрес го погоди Тајван: Се урнаа неколку згради и мостови, има и мртви (ВИДЕО)

Разорен земјотрес утринава го погоди Тајван, а на социјалните мрежи се појавија снимки од надзорните камери.

Моментот на разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени во Тајван го снимила автомобилска камера на автопат во источен Тајван.

Како што може да се забележи, возилата запреле откако автопатот буквално почнал да се тресе. Од силината на тресењето автомобилите се одбиле.

Во Тајван се очекува лизгање на земјиштето во случај на таков силен земјотрес поради топографијата – овој дел од островот има стрмно и нерамно крајбрежје со планини кои одат директно во морето.

Според локалните сеизмолошки служби станува збор за најсилниот земјотрес што го погодил Тајван во последните 25 години, а кој предизвика уривање на згради и лизгање на земјиштето.

Според првичните информации, земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 25 километри од округот Хуалиен во источниот дел на островот, пренесува „Гардијан“.

Најмалку четири лица се пријавени како загинати, а неколку десетици се повредени во разорен земјорес што утрово го погоди Тајван, јавуваат светските медиуми.