ВМРО-ДПМНЕ: Пратеничката Колева, преку нејзиниот сопруг адвокат, испумпува пари од општина Росоман
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека, изминатиот период, пратеничката на СДСМ Даниела Колева од Кавадарци редовно доаѓа на терен да агитира помеѓу жителите на општина Росоман.
Долго време се прашуваме која е нејзината заентересираност за тоа, за на крај да дојдеме до одговорот и начинот како преку нејзиниот сопруг се испумпувале финансиски средства од општина Росоман.
Која е потребата на општина Росоман за плаќање на огромни финансиски средства кон адвокат? На кој начин е избран за адвокат Бранко Колев? Дали има јавна набавка за адвокатски услуги?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.