Алфа ТВ: Првиот братучед на екс-премиерот Заев, Трајче Заев со семејството се иселил за Австрија

Братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Трајче Заев сосе семејството се иселиле од државата – објави Алфа ТВ. Неофицијално, како дестинација за почеток на новиот живот ја избрале Австрија и уште на стартот од оваа школска година децата биле испишани од училиште. Алфа, од родители на ученици кои учеле со едно од децата дознава дека деветодделенката ,при збогувањето со своите сокласници била тажна бидејќи ќе ја напушти родната Струмица. Директорката на основното училиште„Никола Вапцаров„ не сакаше да коментира, со образложение дека поради здравствени причини е отсутна од работа и не може да провери дали има и во кој месец е направен исписот.

Трајче Заев, освен по тоа што е братучед на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, на јавноста е познат и по низата скандали кои се поврзуват со неговото име. Минатата година, фирма во негова сопственост поради неплатено ДДВ во висина од 2 милиони евра се најде на листата топ десет најголеми должници на Управата за јавни приходи.

Пред три години пак  името на Трајче Заев, се поврзуваше и со  акцијата на ДЕА, во која беа запленети 200килограми канабис, вреден 800.000евра. Во акцијата беа уапсени командирот на прилепската полиција и личниот возач на Трајче Заев, Александар Ушликовски. Тогаш лидерот на СДСМ го правдаше својот братучед  и демантираше било каква поврзаност  со нивните фирми.

Лани албанската телевизија “Ора“, објави дека Трајче Заев, со кодирани пораки се обидувал да спречи објавување на аудио разговори во кои имало докази дека државни функционери од СДСМ и ДУИ саботирале акции на странски агенции за сузбивање на шверц на марихуана. Единствена потврда за акција на странска агенција  во нашата држава е онаа на ДЕА на Плетвар.

Целата анализа на Алфа ТВ на следниот линк: